Избор на уредникотСвет

Пресечен криминален синџир, запленети 300 килограми дрога (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин денеска разговараше со припадниците на Министерството за внатрешни работи, Службата за борба против дрога, кои пресекоа уште еден синџир на шверц на марихуана од Албанија во Србија и запленија 300 килограми од оваа дрога на територијата на општина Велики Трновец.

Припадници на Службата за борба против дрогата во соработка со Вишото јавно обвинителство Ниш приведоа пет лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. Уапсени се Е.Н.(50), М.А.(35), Ф.Л.(29), Б.С.(40) и А.Т.(69). Осомничените се уапсени при обид да ја предадат марихуаната која со комбе ја превезувале на патот меѓу Велики Трновац и село Турија, а при претрес на просториите и возилата што ги користеле биле пронајдени 87 пакувања со марихуана, подготвени за понатамошна продажба.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што во законскиот рок ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.

Поврзани вести

Back to top button