Македонија

За утре се најавуваат пообилни дождови и ветер

Под влијание на влажен бран од Медитеранот утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и северните делови, и во повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе има услови за појава на грмежи.

Поради изразено јужно струење преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на места ќе достигнува брзина околу 80 километри на час. Ветерот ќе биде поизразен ќе биде долж Повардарието и во источните делови од земјава.

Во вторник ќе биде претежно стабилно, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Поврзани вести

Back to top button