Јавно ги тепаат поради коцкање, прељуба и алкохол

Објавено: недела, 6 март 2016 во 17:15
Spread the love

На централниот плоштад на главниот град на провинцијата Ачех на крајниот запад на Индонезија минатиот викенд биле извршени казните на јавно тепање со стап на 16 лица кои ги прекршиле одредбите на шеријатското право.

Ова право во доминантно со муслимани населената Индонезија важи само во провинцијата Ачех, промовирано во 2014 година. Локалните власти не обрнуваат внимание на критиките од страна на централните власти и организациите зачовекови права.

Од обвинетите десет лица фатени во коцкање добиле по два удари со бамбусов стап, иако првата казна им била осум удари. Потешко минале 6 љубители на алкохол, кои добија по 40 удари. По десет удари, поради љубовна врска која не била официјализирана, добиле студент на 21 и студентка на возраст од 19 години. Казнетите биле притворени од пет до осум месеци пред да бидат изнесени за тепање на улица.

На извршувањето на казната за прекршување на шеријатското право присуствувала политичката елита на провинцијата Ачех и десетици илјади жители на провинцијата. Барем за јавноста, функционерите и дел од анкетираните сведоци на тепањето изјавиле дека тоа е корисна воспитна мерка, бидејки тие што виделе „како работи стапот“ потешко ќе се одлучуваат да ги прекршуваат конзервативните правила на исламот.