Во Хрватска се бараат квалитетни работници
Водечки хотелски компании во Хрватска оваа година поради зголемената туристичка побарувачка и отворање на нови објекти вработуваат повеќе работници отколку лани.
Во потрагата за работници, повеќето на домашниот пазар на труд тргнале порано отколку претходно.
Тоа е заклучокот на истражувањето на Хина за вработување на работна сила во туризмот оваа година на кое се јавиле 13 хотелски компании а кои во својот состав со хотели имаат и кампови, угостителски објекти, марини и агротуризам.
Според проценките од крајот на минатата година, хрватскиот туризам годинава има потреба од околу 20 000 нови работници или околу 5 000 повеќе од лани, при што од секторот се слуша дека се потешко е да се најдат квалитетни и квалификувани работници поради неадекватниот систем на структурно образование, и заминување на работниците во странство, и покрај тоа што се регистрирани околу 40 000 невработени од туристичко-угостителски занимања.
Иако ниедна од компаниите не нагласила дека има проблеми во пронаоѓањето на работници, сепак мнозинството истакнуваат дека оваа година и порано се потрудиле, активирајќи ги сите можни начини на барање работници, од ХЗВ, преку огласи, социјални мрежи и корпоративни веб страници, до контакти и средби на терен каде претставниците на компаниите на заинтересираните им објаснуваат што и каде нудат.
На сите компании им е помалку или повеќе заедничко за сезонска работа најмногу да бараат келнери, готвачи, собарки, сервери, помошници за во кујна, како и рецепционери, аниматори, обезбедувачи на базени.
Се повеќе компании градат или веќе изградиле сместувачки објекти за работниците со подобри услови за престој отколку што имале претходно, што не им ги намалува платите.