БизнисИзбор на уредникотСвет

Некој си го почитува јазикот, отпуштени се 1.500 таксисти во Цирих поради слабо познавање на германскиот јазик

Во кантонот Цирих, дури 1.500 таксисти останаа без работа бидејќи не зборуваат доволно добро германски. Имено, на почетокот на оваа година стапи на сила нов закон според кој секој што не може да покаже потврда за познавање на јазикот на ниво Б1, не може да добие дозвола за работа како таксист.

Ова го потврди и претседателот на Здружението на таксисти во кантонот Цирих, Георг Ботонакис, кој немал разбирање за таксистите кои останале без работа.

– Кантонот ја информираше такси индустријата за оваа вест пред четири години, рече Ботонакис.

Поврзани вести

Back to top button