Умрелo од тага – Полициско куче почина на денот на погребот на неговиот водич
По сознавањето дека е тешко болен, покрај сиот труд и борба за своето здравје, полицаецот Модри Ласло од Србобран, ја изгуби долгата и тешка битка, напиша неговата колешка Ана почнувајќи ја несекојдневната приказна за водичот и неговото куче…
Модри Ласло бил полицаец во МУП нешто малку подолго од дваесет години. Бил вработен во Полициската управа во Нови Сад, а со оглед на тоа дека силно ги сакал животните и бил исклучително приврзан за нив, последните десетина години работел во ПИ-СДИ – Одделението за водич на службени кучиња.
По доаѓањето во Одделението се „задолжил“ со службено куче од расата лабрадор со кое работел на пронаоѓање на дрога се до 2010 година. Тогаш поради старост на кучето и неможноста да понатаму ги извршува службените должности, лабрадорот бил пензиониран. Ласло за него, до тогаш активен колега – партнер, подбел барање и добил согласност од МУП да го вдоми кај себе. Таа 2010 година за потребите за извршување служба, Ласло добива ново работно кученце белгиски овчар Малиноа. Со него работел до средината на 2015 година, кога дознал за својата болест и ја започнал својата најтешка животна битка, која за жал, не успеал да ја добие.
Колегата Ласло, напишала неговата колешка Ана Томашевиќ, починал пред неколку дена, а погребот бил два дена подоцна. На ден на погребот, неговите колеги, кои ја превземале грижата за службеното куче Малина, го пронашле во утринските часови мртво во службената кучичка.
Инаку кучето претходно не покажувало никакви симптоми на болест, кои би укажувале на тоа дека има некои здравствени проблеми. По извршената официјална обдукција, утврдено е дека животното починало од проблеми со желудникот.
По ваквиот сплет на околности, без оглед на резултатот на обдукцијата, колегите на Ласло се убдени дека сето ова претставува премногу голема случајност и длабоко се уверени дека службеното куче го почуствувало тоа што му се случува на Ласлу, и дека поради преголема приврзаност, никако не можел да го напушти од овој свет, и поради преголема така, продолжил да го прати…“