Избор на уредникотМакедонијаТоп

Tранскриптите за Монструм: Полицаецот што учествуваше во убиството на „Тигарот“ вмешан и во убиството кај Смилковско езеро

Полицаец подогло време го предупредувал врвот на Министерството за внатрешни работи дека има униформирана група и дека нешто се подготвува, јавува „Фокус“. Ова се дознава од СМС пораките и транскриптите коишто се читаа во судница, на рочиштето за случајот „Монструм“.

„Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто“, вели полицаецот Зоран Т. на соговорникот Никола Н.

Вработениот во безбедносните служби разговара со уште неколку соговорници и го повторува истото, но и открива дека за овие информации ги известил и тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски-Радникот, но и советникот за безбедност на тогашниот претседател, Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски.

„Извршителите Косовари се, но има и некои наши поранешни колеги. Информации се имаа на време. Пратениците беа навреме информирани, и директорот знаеше и Синиша беше информиран. Им кажав уште пред 20 дена дека сакаат да нападнат некоја полициска станица. Им кажав дека има група, не веруваа. Еден од учесниците е со иницијали Б.Б., вели Зоран Т. Од другите разговори се заклучива дека тој полицаец е Башким Бајрами, поранешен колега, командир на граничниот премин Блаце.

„Да, тој е, морал да има јатаци. Знае како функционира полицијата“, вели полицаецот кој потоа истата информација му ја предава и на советникот за безбедност на претседателот Синиша Алексовски, кој му враќа дека има логика, бидејќи Бајрами бил осуден на доживотен затвор, но бил во бегство.

Тој вели дека барал и средба со Радникот, му пишал и порака, но тој не го побарал. Башким Бајрами додека работел како полицаец во полициската станица во Чаир, учествувал и во убиството на „тигарот“ Зоран Марковски, односно тој ја возел „опел астрата“ од која беше пукано кон специјалците во 2008, во скопската населба Автокоманда.

„И денес никој не вели, чекај друже од кај ти беше информацијата“, вели Зоран Т. на еден од соговорниците. На судењето за петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи во 2012 година се изведуваат докази, односно се читаат СМС пораки и транскрипти од разговорите што се воделе за „Монструм“.

Валентина Вурмо за  Фокус

Поврзани вести

Back to top button