Живот

Милион Европјани, испратија порака до ЕУ – Морате да ги забраните смртоносните производи на Монсанто

Повеќе од милион Европјани бараат да ЕУ целосно ги забрани средствата за уништување на корените од страна на Монстано, како што се глифосатот, поради стравовите дека можат да предизвика рак.

До четврток, милион луѓе ја потпишаа петицијата која бара од ЕУ да ја повлече дозволата за користење на контроверзните најпродавани хербициди.

France24 известуваше дека „За помалку од пет месеци, се повеќе од милион граѓани на ЕУ, се приклучиле во повикот за забрана на глифосатот“, изјави Дејвид Шварц, координаторот на иницијативата за европски граѓани, кој стои зад петицијата.

„Европските граѓани не се измамени од страна на индустријата на пестициди и лошите науки“, додаде тој.

Групата изјавид ека досегашниот праг на потписи кои бара формален одговор од Европската комисија – милион имиња од најмалку седум земји – за рекордно време.

„Нашите политичари треба да ја слушнат оваа порака јасно и гласно“ додаде Шварц.

Европската унија која ја чинат 28 нации формално ќе одлучува во декември, за тоа дали сака да ја продолжи дозволата за употреба на глифосат, и покрај длабоката поделба околу неговото користење.

Во јули минатата година земји членки на ЕУ го одобрија ограничувањето на употребата глифосат во текот на продолжениот период од 18 месеци поради далечните истражувања.

Во март, хемиската агенција ЕУа изјави дека глифосатот не би требало да биде класифициран како карциноген. Европската агенција за безбедност на храна објави сличен налог во 2015 година.

Но, истражувањата на низа научници, собрани за заштита на околината и бројни членови на Европскиот парламент, упатуваат на докази на Светската здравствена организација, дека хемикалијата флифосат може да предизвика рак.

Петицијата е поради формалноста е продолжена и на следниот месец.

Greepeace изјави дека оваа кампања на собирање потписи, била „најбрзо растечка… откако ЕУ ја воведе оваа алатка за петиција во 2012 година“.

Поврзани вести

Back to top button