Македонија

Монструм: И направил дете на својата малолетна ќерка, па повторно ја силувал во џамија кога излегол од затвор

Кога во октомври минатата година излегол од затвор, Велиоски се вратил во селото Лисичани. Таму, во делот од џамијата во која живеел со сопругата и децата, неколку пати го повторил делото.

Во селото Лисичани кај Кичево, во 2009. година се случило страшно злосторство. 55-годишниот Бајрам Велиоски тогаш сексуално ја злоставувал и ѝ направил дете на својата малолетна, 16-годишна ќерка. По излегувањето од затвор, Велиоски повторно ја силувал неколку пати. Тогаш неговата ќерка имала 24 години.
Тогаш Велиоски повторно завршил во притвор.

Монструмот прв пат ја силувал својата ќерка во 2008. година, кога останала бремена. Бременоста на тогаш 16-годишното девојче прво ја забележале во нејзиното училиште, по што таа била сместена во дом во Битола. По казнената пријава, нејзиниот татко завршил во затворениот дел и под засилен надзор во болницата во Демир Хисар.

Кога било докажано дека тој го извршил злосторството, бил осуден на 8 години затвор, а ги минал во затворот во Идризово. Додека се наоѓал во затвор, неговата сопруга се грижела за двете ќерки и синот. Девојчето, кое Бајрам го силувал, продолжило да оди во училиште, а со неа константно работеле социјалните служби.

Кога во октомври минатата година излегол од затвор, Велиоски се вратил во селото Лисичани. Таму, во делот од џамијата во која живеел со сопругата и децата, неколку пати го повторил делото.

Неговата ќерка од страв не кажала ништо, се додека мајката не забележала дека со нејзиното дете повторно се случува нешто чудно. За тоа го информирала Центарот за социјална работа во Кичево, а тие МВР, па полицијата повторно дошла по него. Против Велиоски е поднесена казнена пријава, но од Идризово рекле дека Бајрам го напуштил затворот во ноември минатата година, неколку месеци пред да му истече казната.

Поврзани вести

Back to top button