Свет

Индија воведува смртна казна за силување деца

Индија одобри воведување на смртна казна за силување на деца, во време кога земјата е соочена со серија на вакви случаи.

Оваа измена во казнениот закон се однесува на оние кои се обвинети за силување на деца помлади од 12 години, пренесуваат светските агенции.

Во текот на минатата недела организирание се протести ширум земјата откако членови на банди силуваа и убија осумгодишно девојче.

Владата е под бран критики бидејќи не направила доволно за да ги спречи сексуланите напади во кои најмногу се вклучени деца.

Во 2016 година, во Индија се регистрирани 19 илјади случаи на силување на деца или во просек по 50 случаи дневно.

Поврзани вести

Back to top button