Жителите на полуостровот Тајмир во пукнатините на вечниот мраз покрај селото Уст Авам откриле таинствено езеро.
Без разлика што од сите страни го обиколува мраз, во него водата е топла.
Пречникот на езерото е околу 30 метри, додека околу него се шири силен мири на сулфур и топол воздух.
Според зборовите на очевидци, претходно езерото изгледало поинаку и сега полека се повеќе оди кон земјата.
Во Норилскиот институт за земјоделство и еконологија на Арктикот се убедени дека езерото и пукнатините не се опасни за луѓето, а дека мразот не е навистина вечен. Многу веројатно е дека до пукање дошло поради активности на подземните води.
-Промената на пејзажот е циклична. Секои 100 години се манува-рекла директорката на институтот Зоја Јанченко