Избор на уредникотСвет

Во Албанија живеат само 1.421.810 жители

Статистичките показатели потврдуваат дека во Албанија, во второто тромесечие од годинава забележан е пад на бројот на новороденчиња за дури 25,3 отсто споредено со истото тромесечие лани.

Албанскиот Институтот за статистика – ИНСТАТ соопшти дека во второто тромесечие регистрирани се 5.592 новороденчиња. Од вкупниот број најмногу од нив се родени во Тирана или 1.851 бебе, каде споредено со второто тромесечие лани бројот на новородените е помал за 22,2 отсто.

Пад на бројот на новородени деца е забележан во сите дванаесет околиии во земјата. Бројот на новородените во околијата Берат е помал за 36,5 отсто споредено со второто тромесечие лани, потоа Валона 33,6 отсто и Ѓирокастро 22,3 отсто.

Од година во година бројот на новородени опаѓа. Според ИНСТАТ, во 2017 во земјата забележан е најмал број новородени деца по 1930 година кога албанската држава започна да врши попис на населението.

Две главни причини се емиграцијата на населението, како и намалувањето на бројот на раѓањата. Експертите во Албанија нагласуваат дека стнанува збор за демографски страв. Светската организација исто така оценува дека има намален наталитет во Албанија и ако оваа состојба продолжи, за еден век можно е населението да се намали на милион жители.

Според пописот спроведен во октомври 2011 година Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите се со престој во странство до една година. Споредено со податоците од пописот во 2001 година бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет.

Поврзани вести

Back to top button