Свет
Внимавајте: Синтетичка марихуана опасна по живот се појави на нарко пазарот (ВИДЕО)
Синтетичка марихуана позната под името К2 или “црна мамба”, се појави на црниот пазар во Хрватска и веќе ја зема првата жртва.
Последиците кои овој опијат ги предизвикува се многу опасни, па дури и фатални.
Експертите велат дека К2 предизвикува физичка зависност како хероинот и психолошка како крекот. Оние кои ја конзумираат не можат да се движат и се чини дека не дишат.
Станува збор за мешавина од различни растенија и јаки хемикалии, а на нарко пазарот се појавил и нов вид кој има застрашувачки ефекти: за само неколку секунди корисниците запаѓаат во кататоничка состојба, а се препознаваат по воспаление на образите и бледите лица со рани.