Избор на уредникотМакедонија

Турски агенти ја спроведуваат идејата на Тачи и Рама за Голема Албанија

Српскиот весник „Вечерње новости“  пишува дека постојат сомнежи дека наводите за прекројување на границите на Балканот и „ширењето на големоалбанските идеи“, доаѓаат од турските разузнавачки служби.

Според весникот, заканите кои синхронизирано се упатени кон Србија, од Тирана, Приштина и Прешево, се подготвени во Анкара.

Весникот наведува дека до овие информации дошле српските безбедносни служби, а според нивните оперативни податоци, офанзивниот настап на турските разузнавачки структури оди преку Приштина и тоа низ два клучни канали.

Првиот канал на комуникација и влијание се остварува преку турската инвестициска Агенција за соработка и координација на програмите во Србија (ТИКА), која е насочена на делување во Рашката област, но е присутна и во општините во Прешевската долина.

Вториот канал на делување се интензивните состаноци на турските безбедносни служби со албанските лидери во Прешево и Бујановац, но и на Косово и Метохија, пишува „Вечерње новости“.

Сите овие операции се одвиваат преку турскиот разузнавачки пункт во Приштина, за нивата субверзивната работа да биде подалеку од очите на српските безбедносни служби.

Според весникот, овие информации укажуваат на скриените аспирации на Турција, од дел од територијата на Балканот да створи силно упориште.

Претходно српскиот премиер, Александар Вучиќ, изјави дека секојдневните настапи на албанските политичари за формирање на „Голема Албанија“ се последица на добро координирана акција.

Тој вели дека трагата за заедничко делување на Тирана и Приштина водат до најмалку една странска разузнавачка служба.

Поврзани вести

Back to top button