ВИДЕО: Оваа е новата светска убавица
Крунисана новата светска убавица. Шпанката Миреија Лалагуна вчера беше прогласена за Мис на светот 2015. Круната на најубавата жена за 2015 година и ја додели минатогодишната победничка, Ролен Строс. Лалагуна има 23 години се занимава со моделство, а работи во Барселона. Прва придружничка е мисицата на Русија, а за втора е избрана мисицата која ја претставуваше Индонезија.
Финалето на изборот „Мис на светот“ се одржа во Синјан, на кинескиот остров Хаинан. Годинава во конкуренцијата учествуваа убавици од 114 земји и територии, меѓу кои и македонската претставничка манекенката Емилија Розман, кои покрај убавината ги претставија и своите таленти. Натпреварот се одвива во неколку етапи, меѓу кои и настап во национални костими, презентација на хуманитарен проект и демонстрација на талентот на учесничките.