Uncategorized
ВИДЕО: Откриена најдлабоката подводна дупка во светот
Научниците потврдија дека таканаречената Земјина дупка (Сина дупка) со длабочина поголема од 300 метри за стотина метри го соборила досегашниот рекорд кој го држеше Диновата дупка на Бахамите со 202 метри длабочина. За да ја утврдат, научниците од Кина користеле подводни роботи и модерна опрема за мерење.
Локалните жители дупката ја нарекувале и „око“ Јужно кинеско море. Постои и легенда на локалните рибари која е изведена од новелата од 16 век со наслов „Патот на Запад“, која вели дека во дупката се наоѓа златен змеј.
Научниците во истата откриле 20 вида на риба и други морски организми. Сината дупка речиси и да нема кислород под длабочина од 100 метри, што значи дека животот под неа е речиси невозможен.