Избор на уредникотРелигија
ВИДЕО: Немаше парче леб, а донираше 40.000 евра за црквата – Дедо Добри вечно ќе се памети по хуманоста
Добри Димитров Добрев, познат како дедо Добри или Светецот од Бајлово, почина на 104-годишна возраст.
Старецот кој го изгуби слухот за време на Втората Светска Војна и кој по цели денови седеше пред разни цркви и манастири и трпеливо ја пружаше раката кон сите добронамерни луѓе кои доаѓаат да се помолат.
Дедото ќе остане запаметен по хуманите дела и по тоа што донираше на патријаршиската катедрала над 35 илјади левови.
Тоа било најголемата донација од физичко лице во над 100-годишната историја на храмот.