Турција се плаши да настапи сама против Русија- бара поголема решителност од САД
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги повика САД да заземаат цврст став против Русија во врска со интервенцијата во Сирија, пренесе “Ројтерс”. “Веќе немаме надеж во врска со разговорите меѓу Русија и САД по прашањата за Сирија. По секоја таква средба Русија уште повеќе ја засилуваше својата агресија. И е наше право да зборуваме затоа, бидејќи ние засолнивме милиони Сиријци”, изјави турскиот премиер.
Тој учествува во меѓународна донаторска конференција во Лондон за хуманитарна поддршка за сирискиот народ.
Ахмет Давутоглу изјави дека Турција не прави разлика меѓу режимот на претседателот Башар Асад и радикалната група “Исламска држава”. Оние кои го поддржуваат режимот на сирискиот претседател вршат воени злосторства, смета турскиот премиер.
Во исто време Русија ја обвини Турција дека се подготвува за инвазија во Сирија. “Се случи на турско-сириската граница да има интензивната подготовка на Турција за упад во Сирија”, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, цитиран од РИА “Новости”.
“Имаме сериозни причини да ја сомневаме Турција за интензивна подготовка за воена интервенција на територијата на суверена држава, каква што е Сирија. Гледаме се повеќе знаци за прикриена подготовка на турските вооружени сили за активни дејствија на сириска територија”, вели Конашенков.