Македонија

Тетова1: Осумдеесет терористи на УЧК веќе се во Македонија, наскоро ќе започнат со активностите

Во близина на Тетово веќе се стационирани 80 терористи на УЧК, планираат да започнат со акции, пишува тетовскиот локален албански портал Тетова1 кој што се повикува на веќе пробиена комуникација на припадниците на УЧК или порака со која што се обидуваат да регрутираат нови членови или јатаци.

Извесен командант Нацист, денес до албанските медиуми испратил коминике во кое се заканува дека тој и уште 80 борци на УЧК биле подобри и поспремни од АРМ, а тоа наскоро ќе го видел и претседателот.

„Јас би го нарекол “претседател” Иванов и неговата армија дека сме подобро подготвени од нив и наскоро ќе се соочи со нив. Ние сме група од 80 војници и се позиционирани на Шар, а наскоро ќе се ослободи териториите на етничките албанци и ќе ја прогласат Република Илирида.“ – стои во коминикето потпишано од извесен командант Нацист.

Пред речиси две години, со слични коминикеа излегуваа повеќе т.н. борци на УЧК, заканувајќи се со нарушување на безбедноста на државата. Обидот тоа да го направат заврши трагично за нив, а преживеаните денес сведочат дека сакале во Диво Насеље да одржат прес конференција.

Поврзани вести

Back to top button