Избор на уредникотМакедонијаТоп

Света Нина, просветителка на Грузија

Света Нина, просветителка на Грузија

Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ? и татко ? , кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. ? се јави Пресвета Богородица и ? вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ? го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа нејзината мисионерска работа. Во текот на животот Света Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе главно сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господ во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта.

Тропар
Служителке на Божјото Слово, во апостолската проповед го поддржа првоповиканиот Андреј и другите апостоли, Иверска просветителке и флејто на Духот Свет, света рамноапостолна Нино, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

Свети Сава, архиепископ Српски

Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.

Тропар
На патот кој води во живот, наставник и првопрестолник и учител си бил; татковината своја најпрвин си ја просветил, преродувајќи ја со Светиот Дух, како маслиново дрво во духовниот рај твоите свештени чеда си ги насадил. Затоа како сопрестолен на апостолите и светителите почитувајќи те, те молиме, моли Го Христа Бога да ни подари голема милост.

Преподобните маченици Синајски и Раитски

Овие отци беа убиени од Сарацените едни во 4, а дурги во 5 век.

Тропар
Безводната пустина стана извор благодатен од вашите молитви, о отци Синајски и Раитски, бања за искупување и семе за нови христијани послужи крвта ваша за Христа пролеана, о горостаси на Божјата вера, молете се сега од Горниот Сион, да и ние стигнеме до Небесниот Ерусалим.

Свети Илариј, епископ Поатиски

Ревносен борец против Ариевата ерес на Запад. Многу страдаше за одбрана на Православието. Напиша повеќе списи, од кои најважен е оној за Света Троица. Се упокои во Господ во 362 година.

Поврзани вести

Back to top button