Македонија
Суспендиран полицаец кој си товарал вреќи со пипер без да плати
Еден полицаец е суспендиран од работа бидејќи од продавачи на пиперки си земал полни вреќи без за тоа да им плаќа, дознава телевизија 24 од извори во МВР.
Според информациите, настанот го пријавил негов колега, кој бил сведок на случувањата. По ова полицаецот е суспендиран од работа.
Дополнително, внатрешната контрола, вчера правела контрола во едницата за брзо распоредување и при тоа утврдиле четири случаи на полицајци кои имале алкохол и тие ќе бидат суспендирани.
Контролите се со цел да воведе ред и да се зголеми работната дисциплина – велат од МВР.