Умреле 300 италијански војници во мисија на Косово, додека повеќе од 4.000 од нив заболеле од канцер
Италијанските војници кои биле во мисија на КФОР сакаат да покажат дека постои врска помеѓу болеста која ја добиле од нивниот престој на Косово.
Дејството на осиромашениот ураниум кој во тек на бомбардирање е фрлен на Србија 1999, а најмногу во Косово година предизвика спротивставени мислења на стручната јавност, од тоа дека е главен предизвикувач на заболувања од канцином, до тоа дека е “потполно безопасен”.
Меѓутоа, италијанската докторка Антонета Гати вели: Само после шест месеци престој таму војниците се вратени болни. Спрема податоците кои ги изнела италијанската докторката, до денес умреле 300 италијански војници во мисија на КФОР, додека повеќе од 4.000 од нив заболеле од тешки болести, претежно канцер.
Тие дури формирале и Друштво на жртви од осиромашен ураниум. За време на бомбардирање во 1999 година на територија на Србија фрлени се помеѓу 10 до 15 тони осиромашен ураниум, а најмногу е фрлено на Косово “Ние вас ви дадовме ураниум, а вие со него ја бомбардиравте Југославија”, им порачал неодамна Владимир Путин на Американците.
Се претпоставува дека дејството на осиромашениот ураниум е над 100 километри воздушна линија па може лесно да се заклучи какво влијание има и допрва ќе има НАТО бомбардирањето со осиромашен ураниум и врз здравјето и на Македонците особено на оние кои што живеаат во близина на Косово, односно жителите на Тетово, Куманово и Скопје.