Срамно: Ноќниот живот во Чаир за време на полициски час, ќе реагира ли сега Бујар Османи и сите оние кои плукаа на причесната и литијата (ФОТО+ВИДЕО)
Така беше синоќа во скопската населба Топаана, каде што околу 21.30 часот снимивме повеќе од педесетина возрасни и деца што слободно шетаат, играат, се дружат на улица без препорачаното социјално растојание и стануваат агресивни кога ќе видат дека држите камера во раце, пренесува МКД.мк
На оддалеченост од стотина метри стоеше полициска патрола.
Малку помирно беше во Чаир. Но и таму она што беше невообичаено е дека деца сѐ уште си играа по улиците, имаше отворени продавници, сендвичарници, чајџилници, во кои имаше гости, парови шетаа по улиците… И покрај тоа што и тука на мала оддалеченост стоеше полициска патрола, атмосферата беше како да нема полициски час.
Социјалните мрежи вријат од фотографии од тој дел од Скопје, на кои се гледаат ифтар-вечери без почитување на пропишаните упатства во борбата против ширењето на коронавирусот.
A.Д.
ИЗВОР: MKD.MK