Македонија
Со оглас се бара историчар за државен советник во Министерството за здравство
Пред изборот на нов министерот за здравство, пуштен е оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Условот е да има со завршени историски, економски или правни науки.
Освен што невообичаено е вметнат условот за завршени историски науки, дополнително се бара најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководна позиција во јавниот сектор и 10 години искуство во приватниот сектор од кои најмалку 3 години на раководно место во приватниот сектор.
Платата за оваа позиција е 36,855 денари.