Анѓушев: За мене прифатливо е Северна, Горна или Нова Македонија
Објавено:
понеделник, 25 декември 2017 во 15:32
Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на темата за прашањето околу името, а гледаме дека има позитивни сигнали и од меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
-Она што сакам да го кажам е дека црвената линија за која не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот итн. и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатлива. Значи, јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна, Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна, Горна и Нова е прифатливо“, рече Анѓушев.