Раче како паричка од 5 центи: Изабела на раѓањето била тешка само 340 грама, нејзините родители мислеле дека нема да преживее
Фотографијата од рачето на Изабела Еванс е снимена набрзо по нејзиното раѓање во јуни 2019-та година. Тогаш не било поголемо од паричка од пет центи.
Мајката Ким Браун од Бишопс Клив во Велика Британија, морала да се породи со царски рез во 24-тата недела од бременоста, затоа што патела од прееклампсија, многу опасен раст на крвниот притисок во бременоста. Предвремено роденото девојче било тешко само 340 грама, а лекарите шансите за нејзиното преживување ги процениле на 5 проценти.
Изабела лежела две недели во инкубатор кога лекарите најпосле им дозволиле на мајката и таткото нежно да ја погалат. Меѓутоа, уследил нов шок: било утврдено дека има перфорација во гастро-интестиналниот тракт и морале да ја оперираат.
“Имаше толку моменти во кои можевме да ја изгубиме. Вистинско чудо е што и натаму е со нас”, вели Ким.
Но операцијата минала добро, а успешно ја пребродила и ласерската операција на очите. Изабела полека добивала на тежина, а непосредно пред Божиќ, по шест месеци во болница, Ким и Рајан конечно ја донеле својата ќерка дома.
На родителите им било потребно извесно време да се опуштат. Деноноќно бдееле над Избела, се додека не стекнале одредена ритина.
За нив е вистинско чудо што е жива. Девојчето со раче како на мала кукла одлично напредува и денес има нешто повеќе од шест килограми, што е нормална тежина за таа возраст.
“Почна да ползи и упорно се обидува да се исправи. На сите им се насмевнува и има одличен апетит”, вели мама Ким.