Прекоцај играорец од Косово: Албанското знаме го поставивме на Самоиловата тврдина затоа што Охрид е албански град!
За Ѓерг Прекоцај, играорец од Косово, нема ништо спорно во тоа што тој и неговите пријатели од групата „Арбреши“ го поставиле албанското знаме на Самоиловата тврдина. Охрид е албански град, изјави Прекоцај откако беше казнет и протеран од Македонија со забрана за влез во наредните 5 години.
Во разговорот за албанската новинска агенција ИНА (Ilirya News Agency), Прекоцај од Ѓаковица вели дека дошле во Охрид и Струга да ја прослават 552 годишнината од некоја битка на Скендербег во одбрана на албанските територии, а ова е „наша земја и Охрид е албански град“.
„Господ ни ги дал овие територии, тие ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме. Во времето на Скендербег на Самоиловата тврдина се веело албанското знаме. Ова е наша земја и нема да застанеме… Ова е арберска земја, земја на Ѓерѓ Кастиоти“, изјавил Прекоцај за ИНА.