Свет

Патроли за лов на бегалци во Бугарија: Нормално дека сакам да ги убијам, и тие сакаат да ме убијат мене

Со затворањето на македонската граница со Грција, голем број на бегалци би можеле својот пат кон западна Европа да го продолжат кон Бугарија или Албанија.

Но, бегалците досега се обидуваа а ја избегнат Бугарија поради бруталноста на бугарската полиција, а сега дури и граѓаните на Бугарија организираат патроли за да ги „ловат“ бегалците.

„Од нашето село до границата има седум километри. Сите кои што успеваат да ја пробијат граничната ограда поминуваат покрај нашето село“, изјави за „Дојче Веле“ 76-годишниот Коста. Тој е еден од 18-те жители на селото Долно Јабалково.

Во ова бугарско село речиси и никој нема ни мобилни телефони, па неодамна „ударните вести“ во селото ги донел Динко Валев. Динко кој живее во градот Јамбол кој се наоѓа во близина моментално е херој во бугарските таблоиди затоа што со својот моторцикл патролира долж границата со Турција каде што наводно досега со „голи раце“ фатил 25 бегалци. Динко моментално се обидува да организира група која ќе ги лови бегалците.

dinko velev

„Сите кои ќе ги фатиме остануваат во наши раце. Јасно е дека сакам да ги убијам, па и тие би сакале да ме убијат мене, зарем не? Ако тие смеат да фрлаат бомби, тогаш тоа го можам и јас“, изјави Динко Валев за „Дојче Веле“.

За Динко работите се кристално јасни – секој бегалец е џихадист. Тој потврди дека сега се обидува да најде доброволци со кои ќе организира граѓанска патрола која ќе патролира долж границата со Турција. Досега 20 лица одговориле на неговиот повик во групата која што ја отворил на Фејсбук, а интересно е што во групата членува истакнат член на бугарската владеачка партија Слав Славов.

Оваа иницијатива досега не го привлече вниманието на бугарските власти кои велат дека „Динко не треба да се сфати сериозно“.

Поврзани вести

Back to top button