Uncategorized

Папагалот Хуго знае 2 000 зборови, себеси се нарекува „пиле мое“ (ВИДЕО)

Сив африкански папагал има повеќе од 10.000 обожаватели на социјалните мрежи. Неговиот сопственик вели дека неговиот миленик Хуго чека сите да заспијат во куќата, а потоа започнува да го имитира звонењето на телефонот.

Хуго има четири години, тој знае повеќе од 2.000 зборови, што ги спојува во реченици, со задоволство ќе им открие на гостите каков лек пие секој од домашните, зема храна од сите, особено кириритки, кажува кој кога станува и кој колку спие во куќата.

Тој е и хулиган и маза, пргав и мил, тврдоглав и послушен. Тој е многу социјален и не се плаши од никого. Всушност, тој се плаши само од еден кадифен зајак, кој лежи на телевизорот во домот на семејството Гудеј во Сплит, Хрватска. Тој кафеав зајак е единствената гаранција дека телевизорот ќе остане недопрен.

„Мојот пријател го доби папагалот, но тој не можеше да се справи со него, па го купив јас. Тогаш имаше девет месеци. Хуго е најмногу со мајка ми Мара. Таа му е сè, нејзиниот глас го имитира и ги повторува речениците. Знае со кого зборува Мара на телефон, знае кога ќе оди со кафе кај соседите или во самопослуга, знае кога ја боли главата. Станува потивок и шепнува дека ’Мара има главоболка’“, раскажува Андрија Гудеj, професионален војник кој започна да ги снима и објавува своите епизоди на Хуго на „Јутјуб“, каде што има десетици илјади фанови од целиот на светот. Некои дури испраќаат подароци до Хуго.

Тој сам себе се нарекува „пиле мое“, затоа што така го вика Мара. Хуго е незамисливо приврзан кон Андрија, па од преголема љубов му ја уништува целата облека, особено оние парчиња што имаат патенти.

Папагалот стана толку популарен што многумина изнајмуваат соби во нивната куќа само за да го запознаат.

Поврзани вести

Back to top button