Одбележан денот на руската дипломатија, пред споменикот на Александар Ростковски, кој го дал својот живот, бранејќи го христијанското население на Македонија
Денес по повод Денот на руската дипломатија се одржа традиционална церемонија со положување цвеќе ќон споменикот “Рускиот крст” во Битола. Во церемонијата покрај делегацијата на Амбасадата предводена од Амбасадорот Сергеј Баздникин зедоа учество Амбасадорот на Кина Н.Е. Џанг Ѕуо, како и голем број на други гости.
Споменикот беше воздигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој го дал својот живот, исполнувајќи ја својата службена должност и бранејќи го христијанското население на Македонија.
Во чест на рускиот конзул Александар Ростоковски, кој беше убиен во Битола во август 1903 година, беше одржана и панихида со која чиноначалствуваше владиката на Преспанско-Пелагониската епаррхија, г.г. Петар.
Додека за ликот и делото на Ростоковски, како и за односите помеѓу Русија и Македонија во последно време, но и за актуелните состојби во светот, зборуваше рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.
– Денес вработените во руските дипломатски претставништва ширум светот, прославувајки го својот подесионален празник, му оддаваат почит на споменот на нашите извонредни претходници. Меѓу нив е и рускиот императорски конзул Александар Ростоовски, кој враќајќи се заедно со неговиот пријател Крсте Мисирков од манастирот „Св. Преображение господово“ бил убиен во Битола, во август 1903 година. Споменикот „Руски крст“, подигнат во чест на конзулот кој ги поддржуваше христијаните на Македонија во борбата за слобода и несебично ја извршуваше својата
службена должност, е јасна потврда дека неговата личност и резултатите од неговото дело остануваат во меморијата на македонскиот народ. Познато е дека крстот бил подигнат двапати. Првиот пат – во 1936 година, но беше демонтиран по Втората светска војна. Во 2003 година, споменикот беше подигнат повторно, по повод 100-годишнината од смртта на Александар Ростковски.
Тој истакна дека односите помеѓу Русија и Македонија моментно минуваат низ тежок период, но дека македонскиот народ останува пријателски расположен кон Русија.
– Денес, односите меѓу Русија и Северна Македонија минуваат низ тежок период. Ова не е наш избор. Руската страна се придржува до недвосмислен став, ние не се мешаме во внатрешните работи на вашата држава и немаме намера да го правиме тоа, не преземаме никакви чекори во форма на наводни хибридни закани, за кои неосновано сме обвинети. Се разбира, ние ќе одговориме на непријателските дејства, на основа на реципроцитет, но секогаш на избалансиран и, доколку е можно, симетричен начин. Нудиме конструктивна основа за интеракција, принципи на рамноправност, заемно почитување и земање во предвид меѓусебни интереси, што очигледно, е единствената можна во поправедниот мултиполарен свет што се формира во нашата ера. Во оваа прилика на крајот сакам да изразам голема благодарност до сите македонски граѓани кои се пријателски расположени и негуваат симпатии кон Русија, за вашата позиција, искрените зборови и писмата кои продолжуваме да добиваме. Ја чувствуваме масовноста на вашата поддршка и убедени сме дека пријателството меѓу нашите народи, вкоренето во длабочините на вековите и поткрепено со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени, е надвор од време и политика, рече во своето обраќање Баздникин.