ЖивотИзбор на уредникот

Никогаш не паднала под влијание на естетските корекции, а била сон на секој маж, актерката зад себе има голема трагедија

Славната оскаровка Кејт Винслет зад себе има турбулентна љубовна приказна која ја одбележале дури три бракови.

Оскаровката Кејт Винслет се прослави со улогата на Роуз Калверт во популарниот филм „Титаник“. Освен по восхитувачката актерска кариера, Кејт се истакнува и со својот љубовен живот којшто бил полн со турбуленции.

Актерката била тивко патење за многу од мажите, меѓутоа никогаш не се оптоварувала со својот изглед, не ѝ било важно колку килограми има ниту пак имала желба да се вклопи во стандардите за убавина.

Големата самодоверба ја карактеризира токму неа, без оглед на фактот што како мала со соочувала со негативни коментари од своите врсници. Во една прилика раскажала дека како мала имала вишок килограми, па ја нарекувале „дебела“ и „морж“.

„Дури ми кажаа дека можам да бидам среќна доколку ми доделат улога на дебела девојка. Агентите знаеја да ми кажат: Ти едноставно не си тоа што го бараме, тоа сум го слушнала многу пати“, раскажала таа.

„Не сакав да се откажам од своите соништа. Го возвраќав ударот. Морав да ги игнорирам сите негативни коментари. Верував во себе, многу работев и вложував труд“, вели Кејт.

Набрзо потоа добила улога во една реклама,а потоа и во неколку странски филмови. Во училиште активно била вклучена во претстави каде нејзиниот талент доаѓал до израз.

Ангажманите кои ги имала како мала направиле да се стекне со огромно искуство, додека пак на 19 години успеала да се пробие во Холивуд каде ја добила својата најзначајна филмска улога во нејзиниот живот. Била тоа улогата во „Титаник“.

На снимањето набрзо се спријателила со колегата Леонардо ди Каприо којшто ја толкувал улогата на нејзин партнер, а и двајцата биле еден од омилените актерски парови.

Нејзиниот љубовен живот бил турбулентен, а својата прва врска ја остварила кога имала 15 години, се заљубила во 12 години постар актер и сценарист Стивен Тредре. Тој бил еден од оние кои го одбележале нејзиниот љубовен живот, па дури едно време живееле заедно во Лондон.

Раскинале во 1995 година, но останале блиски сè до неговата смрт која се случила две години подоцна. Поради неговиот погреб ја пропуштила премиерата на „Титаник“, додека пак исто така ѝ било потребно многу време да ја прифати неговата смрт.

Актерката првпат запловила во брачните води со Џим Триплетон, а се венчале во 1998 година. Две години подоцна ја добиле ќерката Миа, а нивниот брак доживеал крај по три години.

Две години подоцна, во 2003 година се венчала за режисерот Сем Мендес со кој добила син. Покрај семејните обврски кои ги имала, Кејт не ја запоставила својата кариера, била многу успешна, а набрзо потоа станала првата личност под 30 години која имала дури четири номинации за Оскар.

Една година подоцна открила дека нејзиниот брак со Мендес е завршен, додека пак во 2011 година го запознала својот трет сопруг Едвард Смит. Парот се венчал во 2012 година, а круната на нивниот брак бил синот којшто го добиле наредната година.

Поврзани вести

Back to top button