Живот

Науката е на прагот на големо откритие – Лек кој го опоравува срцето и го спречува ракот

Науката е на прагот на големо откритие, кое ќе ни помогне да се избориме со најтешката болест на денешницата. Ако успееме да ги провалиме механизмите како да го уклучиме и исклучиме овој ген, сите големи болести ќе бидат минато.

Најновото медицинско откритие претставува огромен чекор во лечењето на најтешките заболувања. Пронајден е ген кој ќе може целосно да ги излечи вашите срце, но и рак.

Експертите соопштија дека е откриен ген кој влијае на развојот на крвните садови, а тоа е значајно затоа што може да ви ги излечи срцевите заболувања, но и ракот, пишува „Индипендент“.

Откритието на овој ген го спречува раното ширење на крвните садови, а она што е важно, како што тврдат научниците, е дека со помош на него можат да се обноват и оштетените крвни садови.

Можноста на создавање на здрави крвни садови е исклучително важна, затоа што обезбедува нормален проток на крв низ целиот организам и исхрана на сите негови клетки“, вели авторот на студијата, професорот Стјуарт Кук од британскиот Национален институт за срце и бели дробови.

Ефектите од ова откритие би требало да бидат долготрајно решение на сите срцеви болести, а ќе биде можност да се излечи и ракот.

Раните истражувања се базирале на тоа да се намали дотокот на крв до туморот, за да не се овозможи негов раст, додека најновата замисла е да дотокот на кислород до овие опасни израстоци целосно се прекине. Тоа би довело до постепено намалување на туморот, а на тој начин може да се третира и ракот.

„Следниот важен чекор е да докажеме дека овој ген е важен и за реконструкција на срцевиот мускул и крвните садови кои се во директна врска со него“, вели доктор Ризван Ахмед, еден од научниците на проектот.

Ова истражување засега е спроведено на глувци и зебрести риби.

 

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button