НАСА во досега најголем „лов на вонземјани“
Телескопот што НАСА го лансира пред неколку месеци сега се нашол меѓу Земјата и Месечината и почнал да скенира 85 отсто од ноќното небо, барајќи мали планети слични на нашата Земја.
НАСА го лансираше телескопот на 18 април годинава со помош на „СпејсИкс“, а со него би требало да се откријат околу 50 планети што се слични на Земјата. Телескопот во следните две години ќе набљудува околу 200.000 ѕвезди и потенцијално ќе открие илјада нови планети што се оддалечени и по 200 светлосни години од нас.
– Знаеме дека има повеќе планети од ѕвезди во нашиот универзум. Се радувам за необичните фантастични светови што ќе ги откриеме – рекол Пол Херц, директор за астрофизика при НАСА.
Истражувањето може да доведе и до прв поглед на атмосферата на мали, камени вонземски светови и можеби, но само можеби – на прв директен доказ дека постои вонземјански живот надвор од нашиот соларен систем.