Избор на уредникотМакедонија

МВР за кражбите на струја: Само во 4 случаи на подрачје на Арачиново од страна на ЕВН е побарана асистенција од полицијата

ЕВН пред неколку дена потврди дека Штетите од кражбата на струја се и повеќе од 100 милиони евра годишно,  најпроблематични региони каде што не постојат услови за работа и спроведување на проекти за намалување на загуби се: Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава, Арачиново и Студеничани.

Од компанија истакнуваат дека загубите односно кражбите на струја се поради немање безбедност за вршење на редовно работни активности, дека вработените постојано се соочуваат со вербални, а често и со физички напади, при што немаат доволна поддршка од страна на МВР.

Но од МВР за Глобус2 велат дека соработката со ЕВН е добра и секогаш кога од нив е побарана асистенција биле реагирано.

„Во текот на 2022 година, според службената евиденција и доставениот извештај доставен од страна на Полициските станици на подрачје на СВР Скопје утврдено е дека евидентирани се вкупно 44 пријави за кражба на електрична енергија од кои 19 се на подрачје на Сарај, 6 (шест) настани во Сингилиќ и 1 (еден) настан во Арачиново и во 18 случаи евидентирани се на
подрачје на ПО Драчево, при што само во 4 случаи на подрачје на Арачиново од страна на ЕВН е побарана асистенција од полициски службеници, истакнуваат од МВР.

Секогаш било постапувано онолку колку што дозволува заканот.

„При секоја пријава се излегува на лице место се констатира фактичката состојба при што доколку се утврдат елементи за постоење на кривично дело до ОЈО Скопје се поднесува кривична пријава за „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. 

Досега биле поднесени се 39 кривични пријави за сторени 42 кривични дела против 40
сторители.

Поврзани вести

Back to top button