Свет

Монструм: Татко го казни своето девојче со смрт – под врела вода

Таткото на малечката Леона е прогласен за виновен за смртта на својата двегодишна ќерка и е осуден на 4,5 години затвор, а мајката доби затворска казна во траење од година ипол.

Ова беше исходот од судскиот процес пред Виенскиот окружен суд кој се водеше по повод смртта на Леона (2). Таа почина во октомври 2014 година од изгорениците здобиени кога нејзиниот татко Александар С. (27) ја ставил под туш со врела вода зошто била немрина.

aleksandar-s-otac-monstrum-1415969723-590049

Притоа девојчето се здобило со тешки изгореници на кожата од кои починала во болница. Мајката Романа С. (27) вели дека во тоа време печела торта и во моментот слушнала врескање и викање на девојчето и веднаш отрчала во бањата каде ја затекнала расплаканата ќерка во рацете на таткото. Несреќното девојче чија кожа била прекриена со тешки изгореници од „казненото турширање“ несовесните родители ја однеле во болница дури 28 часа подоцна.

На прашањето од судијата зошто толку долго чекале, мајката изјавила дека изгорениците не ги сфатила многу сериозно туку како оние од сонце. Според нивните зборови веднаш отишле до аптека, купиле неопходни лекови и сами се обиделе да и ги санираат повредите. Се било нормало, девојчето си играло и дури утредента забележеле дека има покачена телесна температура и пликови на грбот.

Како што се наведува во записникот, таткото пред судијата ја сменил првично дадената изјави и рекол дека само сакал да ја истушира ќерката и дека за се е виновен расипаниот болјер. Бранителот на брачниот пар рекол дека обвинувањата  против таткото за „мачење на малолетно лице со смртен исход“ и против мајката за „соучесништво и запоставување на дете“ се неосновани.

Поврзани вести

Back to top button