Македонија

Монструм: Oтишол во домот на оштетената и рекол дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка, потоа се обидел да ја силува

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против лице осомничено дека се обидело да стори кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од селото Негорци. Откако самиот се довел во состојба на пијанство со 1,66 грам промили алкохол во крвта, тој отишол во домот на оштетената и започнал разговор со неа дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка. Оштетената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Оштетената се бранела, пробувајќи да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи и повреди на главата и телото. Повиците за помош на оштетената ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.

Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај. Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на стравот дека осомничениот би можел да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор.

Поврзани вести

Back to top button