Избор на уредникотМакедонија

Мицкоски бара проверка на имотот на политичарите: Влегоа како голтари излегоа како милијардери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара пред да се направи ветинг во судството, да се направи истото и со политичарите, односно да им се испита потеклото на имотот. Мицкоски се понуди тој и неговото најтесно семејство да бидат прв пример врз кои би се спровел ветингот.

– Во политиката имаме многу политичари кои влегоа голтари, излегоа милијардери. Ценам дека имотот на голем дел од тие политичари и нивниот потесен круг на семејство во прв ред – изнесува во милијарди. Пред да влеземе во ветинг на Судството кој е памфлет од барање, јас сметам дека треба да се искористат постојните законски надлежности кои ги има Управата за јавни приходи и другите институции и да направиме ветинг на политичарите. Еве, нека почнат од мене и моето семејство, како прв пример. Јас се ќе ставам на увид и ќе покажам потекло на имот. Во Македонија можете да го видите едноставено потеклото на имотот. Доволно е да видите само луксузни недвижности, да видите колку луксузни автомобили се возат и ќе видите кои се тие луѓе. Побарајте им го потеклото на имотот ќе видите дека немаат пријавено ниту еден процент од тоа кое го поседуваат, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не се потребни импровизации, постоечките закони овозможуваат проверка на имот на политичарите и нивните семејства и дека по проверката на сите ќе им стане јасно кој ја крадел и пљачкал Македонија.

Поврзани вести

Back to top button