„Ми кажаа дека ќе живеам уште 4 часа, а потоа се случи чудо“
Дона Ферис (33) од Велика Британија се упатила на доктор поради болки во грбот, а дијагнозата која на крај ја добила потполно ја шокирала. Од тогаш поминалте три години во кои секој ден морала да оди на анализи, но функцијата на нејзините бубрези значително опаднала.
Кога дошла до само 3% лекарите ја предупредиле дека без трансплатација на бубрег ќе умре за кратко време, поточно за 4 часа. Тогаш се случило чудо.
Таа и нејзиниот сопруг Карл (34) се вистински пример на животот во добро и во лошо. Во најлошите моменти од животот кога дознаваат дека и преостанале уште 4 часа од животот, Карл без размислување одлучил да и го даде својот бубрег. Но таа негова желба не била доволна за да се оствари, тој бубрег морал да биде компатибилен. За среќа тој бил совршен и тоа и го спасило животот бидејќи таа немала време да чека бубрег од друг.
Операцијата која трела 3 часа завршила успешно, сега бубрегот работи без проблеми и двајцата полека се опоравуваат.
– Се уште мораме по три пати неделно да одиме на прегледи, но двајцата сме многу добро. Почнавме да размилуваме за дете, а лекарите велат дека можеме да почнеме да работиме на тоа дури по 12 месеци, среќно раскажа Дона.