Свет

Џихадист: Убијте ме до 16 часот за да одам во рајот

Терористите на Исламска држава веруваат дека по смртта ќе одат во рајот.

Припадниците на единиците Пешмерга, курдската војска во Ирак, во близина на Мосул фатиле еден џихадист на денот на муслиманскиот празник Исра и Мираџ.

На овој празник се одбележува патувањето на пророкот Мухамед од Мека до Ерусалим, а подоцна и до рајот, каде што се сретнал со Алах. Затвореникот им рекол на курдските борци дека и прославата во рајот почнува во 16 часот.

„Додека му ја преврзував раната, го прашав кој е и од каде е, а тој рече дека е од Самара и дека дошол да се бори со уште 50 вооружени мажи. Сите тие требало да извршат самоубиство со користење појас со експлозиви, бидејќи денес е празникот Исра и Мираџ. Тој ми рече: ‘Ние сите треба да бидеме во рајот до 16 часот, убиј ме’“, вели Салим ел Сурџи, курдски потполковник.

Ел Сурџи вели дека експлозивниот појас на милитантот не експлодирал, но тој бил ранет во експлозијата на еден од своите соборци.

„Не можеше ни да оди. Ни кажа дека сме неверници и бараше да го убиеме“, рече потполковникот.

Курдите сепак не го убиле, туку му ја преврзале раната и го задржале во притвор.

Поврзани вести

Back to top button