Избор на уредникотСвет

„Kокаинот на сиромашните“ се шири низ соседството, масовно убива луѓе и чини едно до две евра

Батериска киселина и метамфетамини се состојки на дрогата сиси која ја нарекуваат „кокаин на сиромашните“. Смртоносната мешавина се шири низ Грција затоа што е евтина.

Во Грција секој што не може да си дозволи кокаин или хероин сè почесто купува евтина дрога сиси. Зависниците ја пушат дрогата во стаклено луле или дури ја вбризгуваат во вена. Дозата чини едно или две евра. Производството е едноставно, а состојките се евтини и лесно може да се набават.

„Несаканите последици се предизвикани од дополнителните состојки“, вели Норберт Водарц, кој ја проучува зависноста од наркотици на Универзитетската клиника во Регенсбург.

Тој вели дека целото ѓубре што е помешано во новата дрога е одговорно за токсичниот ефект, но и дека во прашање е цената затоа што чистата дрога би чинела многу повеќе.

Многумина од оние кои го земаат новиот лек чекорат директно во смрт.

„Постојат проценки дека со консумирање сиси може да се преживее најмногу една година“, објаснува Водарц.

Поврзани вести

Back to top button