Како поради наводна итност владата избегнала задолжителни контроли за концесиите на Еуромакс ресурсес
Бектеши предложил, Ковачевски прифатил спојувањето на концесиите да се разгледува како дополнителна точка на дневниот ред – инструмент кој се користи за итни прашања. Со ова се злоупотребил деловникот и под превезот на итноста се заобиколиле проверките и процедурите задолжителни за редовните точки на дневниот ред на владините седници, објави ИРЛ.
Владата сега бара од министерството за економија до следната седница да ги достави сите документи поврзани со концесиите за ископ на минерални суровини на „Еуромакс ресурсес“
Министерот за економија Крешник Бектеши е на службено патување во Соединетите Американски Држави (САД). Неговите колеги министри на денешната владина седница донесоа заклучок со кој го задолжија министерот Бектеши, на првата наредна седница ги презентира сите управни и судски постапки поврзани со експлоатацијата на бакар и злато на компанијата „Еуромакс ресурсес“, „почнувајќи од првата одлука до денес“, пишува во владиното соопштение.
ПОВЕЌЕ НА ИРЛ.