Исидора Бјелица со потресни зборови: Да умрев на време немаше да дознаам за многуте предавства
Да умрев на време немаше да дознаам за многу предавства, би ме жалеле од срце сите кои тврдеа дека се мои пријатели, а беа многу…не би ги поминала сите тешки терапии и уште потешки предавства, измами и лаги, не би доживеала дури и да ме обвинат дека ја измислив болеста и што уште не. На децата ќе им беше тешко, ама барем немаше да им го распродадам целиот имот за да си го продолжам животот и не би растеле несреќни низ болниците и не би ме гледале во страшна состојба каде се губи секој човечки дигнитет, напиша на својот Фејсбук профил позната српска писателка Исидора Бјелица.
Во продолжение ви пренесуваме дел од потресниот статус:
– Требаше да умрам пролетта 2013 година, само благодарение на мојата пријателка, докторката Душица Матовиќ ми открија рак на левиот јајник со големина од 10 сантиметри кој веќе метастазирал. Лошата прогноза беше дека имам уште 6 до 8 месеци живот. Издржав цели четири години. Ова, да не помислите погрешно, ви го пишувам од очај, а не за да се пофалам, ако помисливте на тоа. Напротив, жалам од длабочина на мојата душа што и покрај сè издржав волку.
Да умрев на време немаше да дознаам за многу предавства, би ме жалеле од срце сите кои тврдеа дека се мои пријатели, а беа многу…не би ги поминала сите тешки терапии и уште потешки предавства, измами и лаги, не би доживеала дури и да ме обвинат дека ја измислив болеста и што уште не. На децата ќе им беше тешко, ама барем немаше да им го распродадам целиот имот за да си го продолжам животот и не би растеле несреќни низ болниците и не би ме гледале во страшна состојба каде се губи секој човечки дигнитет.
Да умрев на време не би доживеала да им нанесам толкава болка на најмилите и да гледам како ракот не ме јаде само мене туку и сè добро што имавме во животот…а ракот баш има апетит, јаде сè како луд – романтиката, хуморот, расположението, парите, сеќавањата, надежта. А сее страв, беда и патетика. Јаде сè на што ќе наиде и кога ќе живееш подолго не ти останува баш ништо…
Да не се борев волку за живот барем ќе останеше илузијата за мојот живот. Да не се борев како лавица, убаво да си умрев на време со стил во раните 40-ти не само што ќе избегнев 30 хемотерапиии туку никогаш немаше да дознаам како е да јадете кубански бубачки и да пиете чај од олеандер како што не би ја поминала и агонијата преку триста алтернативни методи што ги пробав и кој никој нормален не би ги пробал.
Да не се борев волку и да поднесев сè храбро, ќе си заминев како многу сакана, почитувана и посреќна и синоним за моето име немаше да биде болест.
Да, верував дека храброст е да се борите за уште еден живот, денес знам дека поголема храброст е да си заминете на време. Затоа им се извинувам на сите, на семејството, на пријателите, на читателите на кои со своето крајно невкусно и предолго преживување им предизвикав дополнителна болка и непријатности.
Си се извинувам и на самата себе затоа што ова не ми требаше, а секако мора да се умре. Не ми замерувајте, ве преколнувам, што бев толку глупава. Една од работите, која меѓу другото ја дознаваш кога живееш подолго отколку што требало, е колку си бескрајно глупав и колку човечката интелигенција е преценета категорија.