Избор на уредникотРелигија

Илјадници муслимани преминуваат во Христијанство

На Блискиот Исток постојано расте бројката на обратени муслимани кон христијанство. Луѓето инсистираат на промена на верата поради радикалниот исламски фундаментализам, којшто цути во регионот. 

Како што соопштува „Christianpost“ и канадската радиодифузна компанија Voice Of the Martyrs, без оглед на заминувањето на христијанското население од Ирак и Сирија поради тероризмот, илјадници муслимани се обраќаат во христијанство.  

„Ние сме во соработка и постојан контакт со локалните радиостаници во Ирак и комуницираме со многу луѓе кои живеат во земјите на Блискиот Исток. Нашите слушатели постојано ни соопштуваат за нови случаи на обраќање во христијанство – како свое сопствено, така и на своите соседи и роднини“, соопшти претставникот на канадската радиодифузна компанија Voice Of the Martyrs. 

Бројот на Христијани во Иран, според проценката на мисионерската група Elam Ministries, достигнува до 360 илјади луѓе. 

„Се очекува во следните неколку години бројот на верниците во Христа да достигне неколку милиони – толку е голема духовната глад како резултат на паѓањето на илузиите поради крвавото владеење на радикалниот исламски режим“, соопшти претставникот на мисијата Elam Ministries. 

Поврзани вести

Back to top button