Хуманитарецот Али Февзи е победник во категоријата маж на годината според социјалните медиуми
Али Февзи е Маж на годината според социјалните медиуми за 2020 година, при официјалниот избор на Мажи на годината кај нас.
Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Али Февзи освои најмногу лајкови и со тоа заслужено ја понесе оваа награда.
Наградата Маж на годината според социјалните медиуми им дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање на, според нив, најуспешниот маж и притоа да гласаат за оние сите номинирани.
Али Февзи е познат хуманитарец во нашата држава кој изминатиот период преку неговата асоцијација и лично тој собира средства и купува се што е потребно на оние семејства кои во овој период имаат егзистенционални проблеми.
Изборот на Мажи на годината ќе се случува на 25.11.2020 година и вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за Маж на годината за 2020 година.