Избор на уредникотМакедонијаТоп

Голема полициска акција во прилепско, запленети околу 50 килограми дрога

Тројца дилери на хашиш и марихуана од селото Дебреште Општина Долнени синоќа се приведени во голема полициската акција, дознава Канал пет телевизија.

Од страна на полицијата се пресретнати на патот Прилеп- Македонски Брод близу селото Ропотово.

Нивни соработник кој ја чекал пратката е забележан и приведен на улица во центарот на градот.

Акцијата се уште е во тек.

Приведените се во полициска станица и ќе бидат предадени на обвинителството и судот. Подетални информации МВР ќе соопшти во текот на денот.

Поврзани вести

Back to top button