Свет

Германските служби откриваат: Пред Србинот Бобан се треселе и џихадистите

36-годишниот Србин Бобан Симеоновиќ, кој го користи името Абдул Рахман, во ислам преминал пред четири години, а станал еден од најфанатичните џихадисти во Германија, пишува во досието на безбедносните служби на таа земја.

Во документот на 345 страни пишува дека Бобан бил најблизок соработник на Абу Вала, лидер на екстремистите, како и дека бил гуру на Анис Амри, крвникот од Берлин.

Симеоновиќ бил задолжен за регрутирање на борци за Сирија и Ирак и ги учел на шеријатските закони и арапскиот јазик.

“Бобан имал репутација на радикален исламист во најрадикалните кругови. Кога Анис Амри, напаѓачот од Берлин, со група борци кон крајот на 2015. година требало да отпатува во Сирија, Бобан ги водел на планинарење за физички да ги подготви за војување”, стои во досието, чиј автор е германски разузнавач инфилтриран меѓу исламистите уапсени во ноември.

“Кога префрлањето во Сирија пропаднало, Бобан го сокрил Амри и му обезбедил сместување. Двајцата биле заговорници на нападот во Германија. Симеоновиќ одржувал директен контакт со повеќе германски државјани во Сирија”, пишува во досието.

Потсетуваме, Бобан Симеоновиќ е роден во Дортмунд, додека неговите родители имаат потекло од селото Шарбановац кај Бор. Студирал хемија во Дортмунд и работел во Бор како хемиски инженер. Неговата втора сопруга е Германката Надин Хелвиг, која исто така преминала во ислам.

Двајца браќа родени на Косово биле уапсени поради сомнение дека планирале напад на трговски центар во Оберхаузен, еден од најголемите во Германија. Уапсените, кои имаат 28 и 31 година, биле приведени во Дуизбург.

Поврзани вести

Back to top button