Uncategorized
Фото+ Видео: Се родија пред една година држејќи се за раце, еве како изгледаат сега
Во април минатата година, точно на денот на мајката, се родија сестрите Џена и Џилијен при што нивната мајка Сара го доби најубавиот подарок. За овие преслатки девојчиња тогаш слушна сите, зошто на свет дојдоа држејќи се за раце.
Џена и Џилијен денес имаат околу една година и секојдневно ги радуваат своите родители.
Имено, родени се со царски рез и спаѓаат во ретка врста на близнаци. Тие се „моно моно“ близначки, што значи дека делеле иста постилка и водењак.