Избор на уредникотМакедонија

Дурловски: Се плашев за иднината на мојата земја и се уште се плашам дека државата ми ја украде татковината!

На 27 април 2017 ја испеав химната на Република Македонија и заминав со мојот син да гледам ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видов на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, се вратив – изјави Игор Дурловски на завршните зборови за крвавиот четврток.

Тој го повика обвинителството да го осуди, доколку заслужува казна за тоа што бил во Собранието.

Освен мое присуство таму, друго нема што да утврдите. Доколку најдете доказ за било какво мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен – изјави Дурловски во судницата.

Оперскиот пејач е обвинет дека за време на протестите на “За заедничка Македонија” држел потпалувачки говори и протестирал за материјална корист. Дурловски пред судот го негираше ова велејќи дека е навреден од обвиненијата и дека се обични лаги и невистини.

Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се запрашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април.

Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, запрашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и се уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и се уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите – рече Дурловски.На 27 април 2017 ја испеав химната на Република Македонија и заминав со мојот син да гледам ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видов на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, се вратив – изјави Игор Дурловски на завршните зборови за крвавиот четврток.

Тој го повика обвинителството да го осуди, доколку заслужува казна за тоа што бил во Собранието.

Освен мое присуство таму, друго нема што да утврдите. Доколку најдете доказ за било какво мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен – изјави Дурловски во судницата.

Оперскиот пејач е обвинет дека за време на протестите на “За заедничка Македонија” држел потпалувачки говори и протестирал за материјална корист. Дурловски пред судот го негираше ова велејќи дека е навреден од обвиненијата и дека се обични лаги и невистини.

Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се запрашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април.

Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, запрашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и се уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и се уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите – рече Дурловски.

Поврзани вести

Back to top button