Избор на уредникотРелигија

Чудо: Благодатниот оган во првите минути е околу 40⁰C

Благодатниот оган во првите минути после неговото слегување е со температура од 40⁰C, и токму затоа е можно да се допира до кожата и да не ја гори, соопшти во интервју раководителот на Здружението на православни научници и настојател на храмот „Покров на Пресвета Богородица“ во Воронешката област, протојереј Генадиј Заридзе.

„Преку пирометар ја измерив температурата на Благодатниот оган веднаш после неговото слегување: тој оган го допрев до кожата и веднаш ја измерив неговата температура, и кај себе, и кај соседните луѓе кои беа веднаш до огнот, и просечната температура беше 42⁰C. Кога после 15 минути јас одново ја измерив температурата, таа веќе беше 320⁰C“, изјави свештеникот којшто многу години наназад се занимава со проучување на чудесата со помош на природно-научни методи. 

За мерење на температурата на Благодатниот оган бил ползуван пирометар, којшто со помош на безконтактен инфрацрвен термометар ја мери температурата на површината на објектот, а објектот е една сребрена плоча со ширина од 5 мм. и дебелина од 1 мм. Бидејќи среброто е еден од најдобрите спроведувачи на топлина и ставено во оган тоа моментално ја добива температурата на пламенот. 

Заридзе ја посети Светата Земја во април минатата година на Пасха, на покана на Фондот „Андреј Првоповикан“ и со благослов на Митрополитот Воронешки и Лискински Сергиј. 

Поврзани вести

Back to top button