Живот

Бабите и дедовците ги разгалуваат децата

Еден од најчестите роидителски ставови е дека бабите и дедовците ќе ги разгалат децата со тоа што им даваат се што ќе посакаат, што не поставуваат јасни граници за тоа што е прифатливо однесување, а што не, или пак им купуваат премногу подароци.

Нормално е бабите и дедовците да заземат поблаг став спрема децата и повеќе ќе им попуштат од родителите, па често им ги задоволуваат нивните потреби исполнуваат желби. Тоа е во ред ако се работи за помалку важни работи и различностите не би требало да претставуваат проблем.

Децата можат да научат што е прифатливо, а што не, од оние со кои се дружат. Затоа не е нужно истите правила да важат со сите, а и односите да не се исти бидејќи сме различни. Во ред е ако родителите допуштаат некои работи, а бабите и дедовците не и обратно.

Родителите се одговорни за детето и на нив останува да го водат низ животот и да донесуваат одлуки. Не би требало да стравуваат од разгалување од страна на бабите и дедовците, ако контактите со нив се повремени, а доминантна улога во воспитувањето имаат тие.

izvor:mama365.mk

Поврзани вести

Back to top button